Thursday, April 8, 2010

Влијание на цената на суровата нафта врз цената на горивата во Македонија


Со Новица на едно сподели знаење сакавме да одредиме како влијае цената на суровата нафта врз одлуките на регулаторната комисија за одредуваање на цената на горивата. Тие податоци требаше да се одредат од даден spreadsheet документ во кој имаше записи за цените на бензините на секои две недели и цената на суровата нафта за секоја недела. Тоа што требаше да се постигне е да се добие график од овие податоци за да може визуелно да се види врската. Ова веројатно може да се реши со excel-fu, но еве какво решение искористивме ние:

Од .xls документот од листот за цената на горивата се добива една датотека во .csv формат, за листот со цени на суровата нафта друг. Со sed/awk се обработуваат во формат како во датотеките кои ги прикачив (се отфрлаат колони, се бришат запирки и се претвора долари/барел во денари/литар, иако тоа не е клучно за да се донесе заклучокот).

За цртање на графикот се користи gnuplot на следниот начин:

set xdata time
set timefmt "%d.%m.%Y"
plot "benzins.dat" using 1:2 title "benzin" smooth bezier, "crude_1.dat" using 1:2 title "crude" smooth bezier

Еве го добиениот резултат:

Документите (.xls и двата .csv) можете да ги преземете овде.

Friday, September 11, 2009

Workaround за кирилица на S60 3rd

До сега не сум имал прилика да видам S60 3rd уред (најчесто Nokia smartphones) со можност за внесување на кирилица. Тоа мe нервира. Затоа морав да најдам некое решение.

Платформата S60 нуди поддршка за Python, па еве едно ad-hoc решение за непостоењето на внес на кирилица. Во tar.bz2 архивата се наоѓа appswitch_selfsigned.sisx пакет, кој треба да се инсталира откако е веќе инсталиран python runtime. Можеби ќе се појави грешка дека сертификатот на appswitch е истечен, па за да се реши тој проблем датумот на телефонот треба да се врати на 2007. После тоа се инсталира kirilica.sis.

Во архивата се наоѓа и kirilica.py кој е изворниот код на оваа апликација, кој ми овозможува да пишувам кирилица на S60 3rd smartphone-от.

Како се користи kirilica

Се одбира kirilica од менито со апликации. Ќе се појави поле за внесување на текст. Напишете го текстот на латиница. За „ш“ треба да се внеси „sh“, за „ч“ - „ch“, за „ќ“ - „kj“... Стиснете на средното копче од џојстикот. Апликацијата ќе се стави во позадина, а на clipboard-от ќе биде текстот на кирилица. Користете го копчето за вметнување (најчесто на него стои слика од молив) и одберете „Paste“.

Update(09-04-2010): sis пакетот најверојатно нема да функционира на најновите верзии на python runtime-от, затоа што е сменет UID на runtime, па треба да се генерира нов со ensymble. Од мрза, нема да го направам тоа сега и не ветувам дека ќе го направам за скоро.

:)

Thursday, September 10, 2009

Python wrapper за google translate

Често го користам веб сервисот google translate. Понекогаш се јавува потреба излезните податоци од една таква веб алатка да бидат достапни за користење во некоја апликација/скрипта. Еве еден python wrapper за google translate.

Начин на употреба:

python GTranslate.py збор/реченица код_на_јазик1 код_на_јазик2

каде код_на_јазик1 е краток код на јазикот од кој преведувате, код_на_јазик2 е код на јазикот (листа има внатре во скриптата GTranslate.py) на кој сакате да го преведите зборот или реченицата.

Еве пример на користење како модул, ако скриптата која ја пишувате се наоѓа во ист директориум со GTranslate.py:

from GTranslate import *

g = GTranslate("word", "en", "mk)
print g.get_word()

збор